Реклама

Евангелската црква донираше постелнина и алишта за детското одделение во велешка болница

donacija Evangelsaka crkva4

Детското одделение во велешката болница денеска доби вредна донација во постелнини за сите 63 креветчиња, со кои располага овој оддел. Покрај тоа, донацијата, која е дело на Евангелската црква вклучува и комплети алишта за новороденчињата, фротирчиња и бањарки и стотина тетра пелени.

Zito akcija 640x289px

„Денес, по Божја милост, и официјално ја заокруживме донацијата од Евангелска Црква за Детското одделение и Неонатологија при Општата Болница во Велес. Нека Господ ве благослови изобилно сите вас, кои дониравте кон ова дело“, вели Филип Иванов, пастор на Евангелската црква.

Agria

Донацијата е во вредност од 2300 евра, а откако ќе се испере и дезинфицира, ќе се стави во употреба на ова одделение во Општа болница Велес.