Полицијата приведе тројца жители на село Мелница кои превезувале огревни дрва без документација

Traktor so drva

На 10.11.2024 во 12.00 часот во атар на село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од
слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница.

Zito akcija 640x289px

Полициските службеници, во соработка со Шумска полиција Велес, запреле и извршиле контрола на трактор „имт“ со приколка, кој го управувал Е.М.(50), а другите двајца биле со него, при што било констатирано дека превезуваат огревни дрва без документација.

Agria

Дрвата, тракторот и моторна пила биле одземени и предадени на шумска полиција. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: