Главниот град одбележува 80 години од ослободувањето

skopje so dron

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска (13 ноември), во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.

Zito akcija 640x289px

Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.

Agria

Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: