Нови сведоштва за убиствата на Вања и Панче: таткото барал да му се прати порака на Илон Маск за да ја најдат преку сателит

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше брачен пар, чие што било возилото ,,рено кангу”, но го отстапиле на партијата Десна.

Zito akcija 640x289px

-Тоа возило немаше кој да го оддржува. Две -три години го возеше член на Десна, но замина во странство. Кога требаше да го селат штабот, го понудив возилото да го користат од партијата за селењето. Ми беше подобро некој да го вози, затоа го отстапив, го дадов возилото на располагање, без никаков услов. Им го дадов во септември 2023 година, зошто заминав за Исланд, сведочеше Ѓорѓи Џолев, кој што рече дека е пријател на Љупчо Палевски и бил претседател на Централениот комитет на Десна.

Agria

Тој раскажа дека Палевски имал чуден однос со двајцата обвинети, Влатко Кешишов и Велибор Манев.

-Ми беше чуден нивниот однос, беше поданички. На пример, кога ќе им беше зборувано со повисок тон, тие не враќаа, не влегуваа во расправи со Палчо, сведочеше сведокот.

Тој, на прашање на обвинителката, истакна дека видел пиштол во штабот, во собата во која спиел Палчо.

-Да, видов пиштол во штабот кај Шампионче. Стоеше на маса, во собата каде што спиеше Палевски, видов пиштол во футрола. Не знам чиј беше, но претпоставувам дека беше на Палевски, рече сведокот.

Тој рече дека дознал дека Палески заминал на преглед, иако тој ден требало да имаат Централен коминет на партијата, но не му било чудно што доколку не се врати, настанот да се оддржел без лидерот на партијата.

Кога го повикале во полициска станица, бидејќи возилото ,,рено канго” било негово, рече дека го известил Палевски, но разговорот траел кратко и се одвивал преку ,,телеграм”.

Прва братучетка на мајката на Вања раскажа дека во времето додека траела потрагата по Вања таа била во нивниот дом за да ѝ даде поддршка на мајката Зорица.

 

 

„Од вторникот бев во домот на Зорица. Гледавме снимки со таткото на Вања и тогаш констатиравме дека Вања е земена пред зградата бидејќи не се гледаше како излегува. Потоа во следните денови дојде и пријател на Александар, Гоце, и тој ги гледаше снимките. Во еден момент дојде во дневната, рече го видовме возилото ‘ситроен’ што се бара, а и некој човек. Рече да не е некој педофил, па да ја грабнал.
Таткото Александар беше вознемирен, излегуваше, влегуваше, бараше. Цело време на Зорица ѝ велеше не секирај се, ќе ја најдам. Јас немав многу комуникација со него. Само ми рече да му пратам порака на Илон Маск да ја најде преку сателит, што ми беше чудно, како јас него да го најдам“, рече Маја Спироска.

Била известена и дека Александар испратил порака во родителската вибер-група, а потоа ја избришал.

Не ја видов пораката, но ми кажаа дека напишал, „Вратете го детето, ќе ви дадам пари“, додава братучетката на Зорица.

На првото рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Вања и велешанецот Панче беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: