Голема полициска акција во Хрватска. Уапсен министерот за здравство, Вили Барош, и уште неколкумина други лекари под обвинение за финансиски малверзации и корупција.
Од хрватското обвинителство велат осомничените одобриле набавка на дуални микроскопи за Неврохирургија, кои биле преплатени. Според хрватските медиуми, премиерот Андреј Пленковиќ свикал итна средба со коалициските партнери.
Министерот за здравство е разрешен од функцијата а неговото место го презела државниот секретар Ирена Хрстиќ која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер.