Двајца жители на Чашка, нападнале полициски службеници во центарот на Велес. Двајцата биле приведени во полициска станица Велес.
„На 16.11.2024 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода З.Н.(34) и Д.Н.(41), двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички
нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи. З.Н. и Д.Н. биле задржани во полициска станица“, информираа од СВР Велес.
Известен бил јавен обвиител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.