Уапсени четири лица за газење и палење на македонското знаме

Unisteno makedonsko zname

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се осум лица, меѓу кои еден малолетник.

Zito akcija 640x289px

„МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид на дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи, а некои делумно. Уапсени се 8 лица од страна на полицијата. Четири лица меѓу кои и малолетник за сквернарење на македонското знаме, информираше министерот Тошковски.

Agria

„Станува збор за млади лица 18,19,20,21 година кои што во текот на вчерашниот ден го сториле ова кривично дело. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица. Ќе бидат изнесени пред суд, а потоа судот ќе одлучи во рамките на своите надлежности, рече Тошковски во изјава за медиумите.

Додаде дека ќе има уште многу лица кои ќе бидат повикани на разговори и вклучени во истражните дејствија.

„Во текот на вчера, МВР постапи соодветно и во делот на превенција и во делот на репресија. Ова огромна разлика во тоа што претходно изнесуваа информации во јавност, го споделуваа во јавност“, кажа министерот.

Тој оцени дека македонската полиција покажала зрелост и професионалност и одговорила соодветно на сите предизвици, по повод вчерашната прослава на денот на албанското знаме.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: