Од 1 јануари граѓаните ќе се соочат со повисоки сметки за струја, но за колку ќе се зголеми цената на струјата ќе се знае утре по прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика на која ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).
Како што е познато, ЕСМ веќе му понуди на ЕВН хоум цена од 62 евра за мегават-час, што претставува зголемување од 3,3 отсто во однос на сегашните 60 евра.
Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според него, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.