Фискалниот совет предлага зголемување на старосната граница за пензија на 67 години

Да се оди во пензија на 67-годишна возраст, а границата да се крене од почетокот на 2026 е една од мерките предложени од Фискалниот совет, кои треба да се преземат за да се обезбеди стабилноста на Пензискиот фонд. Овој предлог, доставен до законодавниот дом, предвидува измената да стапи на сила во 2026 година и важи за мажи и жени.

Zito akcija 640x289px

Фискалниот совет ја нагласува важноста од ваквите реформи за долгорочна финансиска стабилност, но реакциите од јавноста и политичките субјекти сугерираат дека ова прашање ќе предизвика дополнителни дебати.

Agria

Фискалниот совет, чија цел е да следи како власта го менаџира буџетот и јавниот долг, беше формиран минатата година со поддршка од странски партнери. Ова тело, замислено како контрола на фискалната одржливост, има тројца членови предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка на Македонија. Меѓу нив се академик Абдулменаф Беџети, професорката Мирјана Трпеска и банкарот Глигор Бишев.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: