Од 1 јануари 2025 цената на струјата ќе се зголеми за најмногу 1 процент

smetki za struja

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти новите цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија, како и цената на операторот на пазарот на струја. Според него, не се очекува поголемо покачување на просечната цена на струјата кај домаќинствата, односно Бислимоски не очекува таа да биде поголема од еден процент.

Zito akcija 640x289px

Ваквата проценка ја темели на цените кои РКЕ ги одреди за мрежарината, за преносот и за дистрибуцијата на елктричната енергија, како и врз основа на понудената цена од страна на ЕСМ до универзалниот снабдувач ЕВН хоум која изнесува 62 евра за мегават час.

Agria

Колкаво ќе биде точно зголемувањето на цената на електричната енергија, како и цената по одделни блокови на потрошувачи, ќе биде познато деновиве откако пресметките ќе ги направи ЕВН хоум кој како универзален снабдувач е надлежен за тоа и потоа таквите цени ќе ги достави до РКЕ на контрола и на конечно одобрување. Цените ќе се однесуваат на регулираниот пазар на електрична енергија преку кој се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи.

Во врска со дневната евтина тарифа, Бислимоски појасни дека анализите покажале оти цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот, како и на нашата берза, се најниски во периодот од 12 до 16 часот, а највисоки од 20 до 24 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: