Времето денес променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус еден до шест Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 12 степени.
Во Велес претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.