30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Живеачката се поскапа, трошоците за живот за еден месец пораснале за 4,3 проценти

LEB VO MARKET

Трошоците за живот во ноември 2024 година се зголемени за 4,3% во споредба со истиот месец минатата година, додека цените на мало пораснале за 4,0%, според податоците на Државниот завод за статистика. Инфлацијата, измерена преку индексот на трошоците на живот, во ноември 2024 година во однос на октомври 2024 година изнесува 1,0%.

Zito akcija 640x289px

Тоа се должи на зголемувањето на трошоците на животот во неколку групи, при што најмногу поскапеле храната и безалкохолните пијалаци – за 2,1 %. Следуваат рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 %, ресторани и хотели за 0,8 %, облека и обувки, здравје за 0,2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Agria

Наспроти тоа, статистиката забележала пониски месечни трошоци само во три групи – во транспорт за 0,9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 %, разновидни стоки и услуги за 0,1 %.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: