Реклама

Се проширува првата македонска фудбалска лига

borec-

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го прифати предлогот на натпреварувачката комисија на ФФМ за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 од Втора Македонска фудбалска лига(МФЛ). Исто така, управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на натпреварувачката комисија во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 да се натпреваруваат екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се на првото место на табелата од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад, а тоа се Беласица и Пелистер.

Zito akcija 640x289px

Местата во Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад  ќе се пополнат со одигрување на бараж натпревар помеѓу екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Третите лиги се на првото место на табелата.

Agria

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот на комисијата за женски, футсал и младински фудбал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции.