Вчера во СВР Велес било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат С.С.(60) од Велес.
„На 13.12.2024 околу 06.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат С.С.(60) од Велес. Лекар од Итна медицинска
помош констатирал смрт без траги на насилство“, соопштија од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.