Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Kozuvcanka donacija 1

Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар ”Мајка Тереза” во Скопје, Компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град.

Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја препознава сериозноста на состојбата во која се наоѓа Скопје, со оглед на актуелните предизвици со недостигот на вода овие денови

Agria

Знаеме дека водата е основна потреба за функционирање на здравствените институции, а Клиничкиот центар ”Мајка Тереза” во Скопје, кој секојдневно се соочува со бројни пациенти, сега има огромна потреба од стабилен снабдувачки капацитет.

Kozuvcanka donacija 3

Кожувчанка и понатаму ќе продолжи да биде активно вклучена во иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на условите во заедницата и секогаш ќе биде поддршка на здравствените институции во периоди на криза.

Kozuvcanka donacija 2

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: