Кошаркарите на Маџари го добија дербито на Втората кошаркарска лига против екипата на Борец Баскет. Скопјани победија со 81:65 и ја забележаа осмата победа во првенство а им го нанесоа третиотт пораз на велешани.
Домашниот состав дојде до победата со подобра игра во второто полувреме. Иако велешани на одмор заминаа со предност од три поени, 41:38, сепак не успеаа да ја одржат предноста. Клучно за натпреварот беше 27 минута при резултат 54:52 за домашниот состав, велешани направија неколку грешки кои домаќините го искористија и резултатски се одлепат.
Со ова заврши есенскиот дел од Втората кошаркарска лига. Борец Баскет е на делба на третата позиција со Маџари и Црн Дрим со осум победи и три порази. Во првото пролетно коло велешани гостуваат во Скопје кај екипата на Ангели.