Фаворитот за освојување на титулата во пионерска конкуренција, екипата наЕурофарм Пелистер 2 уште еднаш ги совладаа пионерите на Фруитленд Борец со резултат 23:11, полувреме 10:7.
По почетните 5:0, за домаќините, велешани успеаја да ја стабилизираат играта и до крајот на полувремето да се замине со 10:7. Но тоа беше се што успеаја да направат, бидејќи битолчани во вториот дел само ја полнеа мрежата на Фруитленд Борец за конечни 23:11.
Одново најефикасен кај велешани беше Ѓорѓија Амбарков кој постигна пет погодоци, додека кај победничката екипа Даноил Христовски исто така постигна пет погодоци. По ова следува пауза а првенството продолжува во февруари 2025 година.