Сојузот на спортови на Велес, вчера на церемонијата која се одржа на бродот „Панини“ ги додели наградите од “Избор на спортист на Велес“.
Наградата за спортист на град Велес му припадна на Ангел Петрушев, кајакарот на ККК Вардар Велес. Тој ова признание го доби за освоеното шесто место на Европското првенство во Љубљана, како и победник на ИКАС 2024. Со остварените успеси тој се стекна и со титулата „Спортист од меѓународна категорија“, доделена од Министертвото за спорт.
Со награди се закитија и Раде Стефановски за најдобар судија, фудбалерката Ленче Андреевска за Амбасадор на велешкиот спорт, Иле Чуповски доби посебно признание за придонес во спортот, а посебно признание за помагање на спортот доби Горанчо Лазов.
Посебно признание за традиционални вредности добо Вардарската регата „Гемиџии“ 2024. За најдобри спортски манифестации награди добија ККК Арка – Борец Велес и Спортските игри Велес – Дематели инвест груп. Во сениорска конкуренција За најдобра сениорска екипа беше наградена екипата на МКВ Велес., а за најдобар тренер во сениорска конкуренција Димче Стефановски од ККК Вардар Велес.
Во младинска конкуренција награди добија Јана Митровска, Илија Ѓорѓиев, Маријан Климкаров, Дарис Мемиќ, Олег Дејановски, Антонио Заров, Марија Пановска, Андреј Цилаков, Марија Прпева, Марко Варналиев, Сара Јовевска, Константин Коцев, Левче Картинов, Христијан Николиќ, Ања Трајкова, Марко Димовски и Андреј Арсов. За најдобра младинска екипа беше наградена екипата на ККК Арка-Борец Велес, а за најдобар тренер во младинска конкуренција Кристијан Николов од МКВ Велес.
Постхумно му беше доделена награда на Ристе Велковски, еден од најдобрите велешки ракометари.