Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Инспекција на ФФМ ќе го провери стадионот во Велес

Еден од најголемите скандали во македонскиот фудбал во годината која што измина беше новиот стадион во Велес. За овој стадион, Фудбалската федерација на Македонија од фондовите на ФИФА и УЕФА потроши многу пари, а ефектот е катастрофален, пишува порталот Спортманија.

Zito akcija 640x289px

Теренот на стадионот повеќе личи на некое запуштено поле, отколку на место каде што треба да се игра фудбал.

Токму затоа, новото раководство на ФФМ, донесе одлука да испрати инспекција и да се добие вистинската слика за тоа како и до каде се работите околу овој проект. Треба да се детектира зошто овој објект за кој е вложено толку многу пари, изгледа како што изгледа сега, односно како запустено поле и кој е одговорен за тоа.

Батали.нет пред неколку дена објави видео на кое се гледа каква е моменталната состојба во која се наоѓа ова игралиште.

Извор на веста: Спортманија

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: