Реклама

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Младите велешани ниту носат маски, ниту ги почитуваат мерките

Овие фотографии направени од наш читател, до нашата редакција пристигнаа во текот на вчерашниот ден. На нив се гледа дека младите велешани не ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот и спротивно на нив, се групираат, без притоа да носат маски.

Zito akcija 640x289px

И покрај зголеменото патролирање на полицијата, очигледно е дека мерките не се почитуваат. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на последната прес конференција ја повика полицијата да го санкционира ваквото однесување на младите велешани.

Agria

И министерот за здравство Венко Филипче синоќа реагираше дека доколку мерките не се почитуваат, ќе се вратат рестрикциите.

Според досегашните светски искуства, младите луѓе најлесно го прележуваат коронавирусот, но се најголеми трансмитери, кои можат да заразат луѓе од ризични гупи, кај кои вирусот често прави компликации со смртни последици.