ЦУК: Надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци во велешко

Cistenje sneg Podles

Новиот снег кој денеска наврна не донесе нови проблеми во велешко. Од Центарот за управување со кризи известија дека сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови и надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци.

Во Општина Чашка во населените места село Јасеново и село Богомила врнежите од снег престанаа и има околу 30см наврнато снег. Се расчистуваат улиците од страна на Комуналното претпријатие. Исто така се врши чистење и во село Владиловци и село Оморани, но истите се проодни за сообраќај. Во Општините Велес и Градско исто така престанаа врнежите од снег, и сите патни правци се проодни и исто така редовно се чистат.

Agria

Истовремено, од Центарот  потсетуваат дека, ако се планираат патувањата заради временските метеоролошки прилики и според дестинацијата е пожелно да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Велешанецот Кристијан Смилев знаменосец и гордост на Македонија на ЕМОФ 2025
Тинејџери повредени во сообраќајка кај Бузалково – 16-годишник управувал со „БМВ“
Приведен маж од велешко село поради семејно насилство – ја нападнал сопругата во нивниот дом