360 степени“ објавува видео од моментите кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани на гостите и бендот им станува јасно дека започнал пожар. Видеото од 11 секунди го добивме од наш читател.
Во првите неколку секунди се слуша додека трае забавата, на реакција од публиката, член на бендот кој настапува прекинува со пеењето и вели – „се запали горе, се запали горе“.
Според првичните информации кои Министерството за внатрешни работи ги соопшти за МИА, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинале најмалу 50 луѓе, претежно млади лица. Повредени се околу 100 лица, од кои неколку десетици со потешки изгореници се префрлени во Скопје, а другите се згрижени во болниците во Кочани и во Штип.
„Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сè уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈО ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, се наведува во соопштението.