Реклама

Комисијата бара карантин за претстојниот продолжен викенд

Policiski-cas 997x485

Комисијата за заразни болести е можно да предложи рестриктивни мерки за време на претстојниот продолжен видекд, во делови од земјата каде што се шири заразата од коронавирус.

Zito akcija 640x289px

Ова се дискутирало на денешниот вонреден состанок на комисијата, откако бројот на заразени во земјата последните денови рапидно се зголеми.

Agria

Предлогот на комисијата до власата ќе биде за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово, од утре во 21 часот до понеделник наутро да биде воведен полициски час.

Од комисијата сметаат дека ако за претстојниот продолжен викенд поради празникот Духовден не се вратат рестриктивните мерки во делови од земјата, каде што има многу активни случаи, постои голема опасност коронавирусот да почне неконтролирано да се шири.

Извори од комисијата за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека, во одредени делови од земјата, како Лабуништа и околните села, Липково и Тетово многумина од суспектните случаи одбиваат да се тестираат и да ги кажат контактите и не може да се утврди точната бројка на заразени. За разлика од овие места, во скопските општини ситуацијата со непослушноста на граѓаните е стабилизирана, откако во убедување се вклучија градоначалниците, верските лидери и други влијателни членови на локалните заедници.

„Ако не се вратат рестриктивните мерки, се соочуваме со неконтролирано ширење на коронавирусот во одредени места, кои што сега се нови жаришта, особено во главниот град. Се размислува рестриктивните мерки да бидат предложени само за актуелните жаришта, а тие да не важат за другите места, каде што нема воопшто заразени или има само спорадично. Ќе им се препорача сигурно на граѓаните да не одат масовно на гробишта за претстојниот празник и во никој случај да не раздаваат“, вели извор од комисијата, кој не е овластен да дава официјални изјави, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Во комисијата размислуваат да препорачаат повторно да се ограничи градскиот превоз во ризичните места, како и меѓуградскиот превоз во полошкиот регион. Се размислува и да се ограничи движењето на скопјани со забрана за излез од градот за да не се шири заразата, бидејќи претстои продолжен викенд и се очекува многумина да заминат во други градови и по излетнички места.

Според категоризација на ризикот, Скопје и Тетово се веќе во фаза 4, што значи широкораспространета трансмисија на вирусот во заедницата, додека Штип е во фаза 3 со локална трансмисија.