Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.
Коцевски рече дека објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата туку бил познат на целиот град, на локалната самоуправа и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат.
Тој, исто така, истакна дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот.
Од обвинителството кусо соопштија дека во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници.
Телевизија 24 открива дека меѓу приведените е и командирот на ПС Кочани кој бил на чело на станицата за време на пожарот, а е еден од разрешените полицајци по траагедијата е меѓу приведените полицајци вечерва.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.