Четиринаесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди по пад од мотоцикл што се случил вчера попладне во близина на новите згради „Атлантис“, во околината на поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес.
Од Службата за итна медицинска помош информираат дека веднаш по несреќата му била укажана прва помош, по што бил пренесен во Општата болница во Велес.
Портпаролката на болницата, д-р Билјана Босилкова, за МИА изјави дека на тинејџерот му се констатирани тешки повреди на главата. Иако неговата состојба е стабилна, поради сериозноста на повредите, тој е итно префрлен на Клиниката за неврохирургија во Скопје за понатамошно лекување.
Надлежните органи работат на целосно расветлување на околностите под кои се случила несреќата.