Валентина Петровска, долгогодишна судијка на Основниот суд Велес, почина по кратко боледување, оставувајќи зад себе не само професионален, туку и човечки белег во правосудната заедница. Нејзиното име и работа ќе останат запишани во историјата на правосудството во Македонија.
Петровска беше родена на 8 јуни 1964 година во Велес. Нa 21-годишна возраст, дипломираше на Правниот факултет во Битола и ја започна својата кариера во правото. Патот до судиското столче започна во 1986 година, кога започна работа како правник во Фабриката за масло „Благој Ѓорев“, а потоа во 1994 година беше именувана за директор на Правен сектор. Се чувствуваше повикана за правосудство и во 1996 година беше избрана за судија на Основниот суд Велес, каде што остави значаен трајно белег.
Во својот долгогодишен стаж, Петровска работеше на бројни важни предмети од граѓанска, трговска и стечајна област. Својата професионална мудрост ја пренесуваше и на младите, обучувајќи нови судии и јавни обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители. Неколку години беше и Претседател на Стечајниот совет, а со одлука на Судскиот совет, во 2014 година беше именувана за вршител на должноста Претседател на Основниот суд Велес.
„Судијката Валентина Петровска беше столб на правосудството, пример за посветеност и праведност. Нејзината работа остави неизбришлив белег во судската институција“, изјави Претседателката на Основниот суд Велес, Валентина Ѓоргиевска.
Валентина Петровска беше мајка на три полнолетни деца и баба на едно внуче. Семето што го градела во својот дом и кариера беше сведок на нејзината посветеност и љубов кон правото и семејството.
Посмртните останки на судијката Петровска денес се изложени во капелата на градските гробишта во Раштани, по што ќе следи погреб.