Во рамките на 23. коло од Третата лига – Југ, дерби натпреварот помеѓу првопласираниот Големо Коњари и третопласираниот Башкими заврши без неизвесност, откако домаќините славеа со убедливи 4:0.
Натпреварот уште од самиот старт не заличи на дерби средба, бидејќи Големо Коњари поведе уште во 3 минута со голот на Беким Алимовски најавувајќи целосна доминација. До крајот на првото полувреме, резултатот веќе беше 2:0 по вториот погодок во 28 минута на Кире Наумоски, што практично ја реши судбината на мечот.
Во вториот дел Христијан Кукески во 61 минута и Ерџан Ибраимоски во 78 минута му донесоа нови три бода на тимот и уште посигурно водство во трката за првото место.
Со оваа победа, Големо Коњари сега има 51 бод, седум повеќе од второпласираниот Превалец, додека Башкими останува на третата позиција со 41 бод. Во следното коло Башкими ја пречекува екипата на Слога од село Лажани.