Граѓаните од Словенија од полноќ можат слободно и без никакви контроли да патуваат во Австрија.
За влез во соседната земја повеќе нема да биде потребно граѓаните на Словенија да прикажат негативен тест за Ковид-19.
Реципрочно и официјална Љубљана реши Австрија да ја стави на спискот земји со поволна епидемиолошка слика, а нејзините граѓани ќе можат без никакви проблеми или услови да влегуваат во Словенија.
Покрај Австрија, на списокот држави чии граѓани ќе можат да влегуваат во Словенија од денес се и Хрватска и Унгарија.