Судот денеска ја соопштува пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова

Sud

Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе ја соопшти пресудата за случајот кој длабоко ја потресе македонската јавност – прегазувањето на 22-годишната студентка Фросина Кулакова од Неготино, која на 29 јануари загина на обележан пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Обвинетиот, 20-годишниот Васил Јованов, управувал со возило без возачка дозвола и поминал на црвено светло, при што ја удрил Кулакова. Таа починала на самото место.

Agria

Јавното обвинителство го квалификува делото како тешко кривично дело сторено со умисла – најтешка форма на кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.

Случајот предизвика масовни протести и револт кај граѓаните во Скопје и Неготино, кои бараа правда за Фросина и повикаа на одговорност од надлежните институции.

Семејството на Фросина, во својство на оштетени, беше запознаено со доказите собрани од обвинителството и даде исказ во текот на истрагата.

Очекуваната пресуда денеска ќе има клучно значење не само за семејството на трагично загинатата девојка, туку и за јавноста која бара правда и поостри мерки против несовесното учество во сообраќајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: