Променливо облачно време, попладне дожд

veles, kruzen tek kaj dos, oblacno

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Agria

Во Велес,  времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината повремено ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: