Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Велес, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
