Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 19.05.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се породава за 77 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 68,00 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,625 ден/кг и сега ќе изнесува 37,433 ден/кг.
