Вчера околу 09:34 часот на железничкиот премин на Регионалниот пат Велес-Извор, во близина на поранешната фабрика „Порцеланка”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и воз.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, во несреќата се вклучени патничко возило марка „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишен возач од Чашка со иницијали Ѓ.О., и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39-годишен машиновозач од Скопје со иницијали К.З. Среќата во оваа сообраќајна несреќа е што нема повредени лица.
По овластување на јавниот обвинител, на местото на настанот увид изврши увидната екипа од СВР Велес. Инцидентот предизвика привремени нарушувања во сообраќајот.
Патниот сообраќај за време на вршењето увид се одвиваше наизменично во двата правци, додека железничкиот сообраќај беше целосно прекинат во периодот од 09:34 до 10:45 часот.
