Приведен маж од велешко село поради семејно насилство – ја нападнал сопругата во нивниот дом

semejno nasilstvo

Полицијата во Велес приведе 38-годишен маж од велешко село под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга во нивниот семеен дом во градот.

Како што соопшти СВР Велес, инцидентот се случил на 17 јули околу 12:10 часот, по што веднаш било постапено по пријавата. Мажот, идентификуван како К.С., бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица.

Agria

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: