Рано утринава локализиран пожарот во велешката фабрика „Мирана“

Рано утринава во 4 часот е локализиран пожарот  што избувнал синоќа во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, информира Центарот за управување со кризи.

Според првичните сознанија од СВР Велес, гореле магацин, во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема и канцелариски простории во кои настрадале документација и други материјали.

Agria

Во гасењето на пожарот учествувале пожарникари со три противпожарни возила од велешката противпожарна, едно возило од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, две специјални пренаменети возила на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен биле присутни и шест полициски службеници од СВР Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: