Во Секторот за внатрешни работи Велес, вчера на 16 август 2025 година е пријавено дека околу 13:00 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ и мопед марка „Јонвеј“, и двете со велешки регистарски таблици.
Според информациите од полицијата, автомобилот бил управуван од 24-годишниот А.И. од селото Горно Оризари, додека мопедот го возел 54-годишниот Ѓ.Т. од Велес. Во незгодата, мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Општата болница Велес.
На местото на несреќата излегла увидна екипа од СВР Велес, која извршила увид и работи на утврдување на причините за несреќата.