Вечерва во Европската куќа во Велес ќе се отвори 22 издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“. На манифестацијата ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс и ќе се отвори изложбата од избрани дела по истиот конкурс. Ќе бидат претставени и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“, чиј промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.
Како што информираа претходно од Стрип-центарот на Македонија, годинава, на традиционалниот стрип-конкурс се пријавиле рекордни 396 автори од цел свет, од кои 164 се од нашата земја, а вечерва ќе се прогласат најдобрите.
„Активностите продолжуваат и утре кога ќе започне вториот сегмент на салонот, односно седмата по ред ред стрип колонија. До 24 август во излетничкото место Нежилово стрип автори од разни генерации од Бугарија, Србија и Македонија заеднички ќе крираат свои стрипови“, вели Томе Трајков, еден од координаторите проектот.