Вчера официјално се одржа извлекувањето на групите за претстојниот Детски турнир во мал фудбал, кој ќе стартува во понеделник, на 25 август, на спортскиот терен во Градскиот парк во Велес.
Овој спортски настан, организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев, ќе го собере спортскиот ентузијазам на децата родени 2010/2011 година и помлади. Турнирот има за цел не само да поттикне натпреварувачки дух, туку и да промовира едукативни и спортски вредности, како што се тимска работа, фер-плеј и другарство.
На турнирот ќе учествуваат 12 екипи, поделени во четири групи со по три тима. Според системот на натпреварување, најдобрите две екипи од секоја група ќе се пласираат во елиминациската фаза.
Групите изгледаат вака:
ГРУПА А: Нова Колонија, Работник Галактикос, Тополка
ГРУПА Б: Мал Ајакс, Блум Бренд, Карфорју
ГРУПА В: Борец 1919, Јаболчиште, Оризари
ГРУПА Г: Тиквеш, Којник, Еуро Метал
Организаторите најавуваат динамични и возбудливи натпревари, исполнети со многу емоции, страст и детски ентузијазам. Овој турнир е одлична можност за младите фудбалери да се докажат на теренот, но и да стекнат нови пријателства и незаборавни спомени.