„Арка-Борец“ од Велес крунисан како балкански шампион во кајак спуст

Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“ од Велес оствари историски успех на Балканското клупско првенство во кајак спуст на диви води, кое се одржа од 22 до 24 август 2025 година во Бајина Башта, Србија. На ова престижно натпреварување учествуваа повеќе од 20 клубови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, а велешани се вратија дома со титулата балкански шампиони во генералниот пласман.

Со вкупно 13 натпреварувачи, „Арка-Борец“ освои бројни медали во обете дисциплини – спринт и класик. Особено се истакнаа сениорите Александар Златаров и Љубомир Спасиќ, младиот Благој Гугинов кај јуниорите, како и Кристијан Лазаров во У23 категоријата. Медаљи беа освоени и во категориите Ц1 и Ц2, како и од младите надежи кај пионерите.

Agria

Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“ од Велес ја освои титулата балкански првак во генералниот пласман на Балканското клупско првенство благодарение на вкупниот збир бодови од сите индивидуални и тимски настапи во двете дисциплини – спринт и класик.

Со овој блескав настап, „Арка-Борец“ уште еднаш го потврди својот статус како водечки кајак клуб во регионот. Младите спортисти од Велес покажаа врвна подготовка и спортски дух, носејќи гордост за клубот, градот и македонскиот спорт.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: