СВР Велес предупредува, зголемен број на обиди за телефонски измами врз повозрасни граѓани

Во изминатиот период, Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес регистрира зголемен број на пријави од граѓани за обиди за кривично дело „измама“, при што мета најчесто се повозрасни лица. Станува збор за обиди за телефонски измами во кои непознати лица се претставуваат лажно како службеници — полицајци, адвокати, лекари или обвинители — со цел да извлечат поголеми парични средства од жртвите.

Сторителите преку телефонски повик ги доведуваат граѓаните во заблуда, тврдејќи дека нивен близок роднина бил вмешан во сообраќајна несреќа, било како предизвикувач или како жртва. Потоа бараат пари за наводно „ослободување од кривичен прогон“. Само во последните 24 часа, во СВР Велес биле пријавени пет вакви случаи на обиди за измама.

Agria

Од СВР Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при добивање на телефонски повици од непознати броеви. Граѓаните се советуваат да не влегуваат во разговори со сомнителни лица, да не даваат никакви пари, веднаш да го прекинат повикот и случајот да го пријават во најблиската полициска станица.

Во рамки на мерките за превенција, полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Велес активно спроведуваат едукативни активности со граѓаните. Преку директни средби и делење на едукативни материјали, граѓаните добиваат совети како да се заштитат од ваков тип измами. Активностите особено се насочени кон повозрасната популација, која најчесто е цел на измамниците.

Превентивните активности ќе продолжат и во наредниот период со цел навремена информираност и заштита на граѓаните.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: