Изградба на нови паркови, засадување дрвореди, спас на езерото „Младост“ и подобрување на квалитетот на воздухот се дел од клучните проекти што ги најави кандидатката за градоначалник на Велес, Маја Хеско, од СДСМ и коалицијата. Таа на денешната прес-конференција ги претстави своите први ветувања, со кои ја бара поддршката од велешани на претстојните осми Локални избори.
Хеско исто така посочи дека решавањето на сообраќајниот метеж на велешкиот асфалт е приоритет во нејзината програма, нагласувајќи дека градот заслужува функционална и еколошки одржлива инфраструктура.
Во своето обраќање, Јованче Манасков, носител на листата за Советот на Општина Велес од оваа коалиција, истакна дека Велес заслужува многу повеќе отколку што добил во изминатите четири години. Тој го нагласи заедништвото со граѓаните како клучна сила за иднината на градот и ја претстави листата на кандидати за членови на Советот од СДСМ и коалицијата.