СДСМ Велес: ВМРО-ДПМНЕ треба да ја признае својата неспособност за водење на државата

Бараме одговорност од сите релеванти фактори кои требал да ја заштитат Роцица и нејзиниот татко. Вака денеска на прес конференција од Велес, изјавија вечките социјал демократи, за убиството кое пред три дена ја потресе македонската јавност. Од таму велат дека се покажува неспособноста на оваа Влада.

„Во овој случај повторно се покажува неспособноста на оваа Влада за спроведување закони и владеење на правото. ВМРО-ДПМНЕ, треба да ја признае својата неспособност за водење на државата. Ова е уште еден фемицид поради непостапување на институциите, рече Благојка Коцевска од ОО СДСМ –  Велес.

Agria

Од таму прашаа, дали жените кои се жители на овој град можат да живеат без страв во нивните животи, дали во иднина нивната безбедност ќе зависи од тоа дали нивната пријава за насилство ќе заврши во некоја фиока.

На крај Коцевска додаде дека двојното убиство и самоубиство не е трагичен настан, не е ниту немил настан, туку овој фемицид е системско убиство, додаде таа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: