Акција на МВР во неколку градови низ земјава: Уапсени полициски службеници, шумски полицајци и раководни лица

policija svetla

Од вчера попладне се спроведува широка полициска акција во источниот дел на државата – во Берово, Пехчево и Делчево – насочена кон разбивање на организирана криминална група поврзана со нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба и корупција, пренесува Телма.

Акцијата, која сè уште трае, вклучува претреси на повеќе локации и приведување на осомничени лица од различни институции. Според неофицијални информации, меѓу приведените се актуелен раководител на подружница на ЈП „Македонски шуми“, началник на полиција, неколку полициски службеници, шумски полицајци, како и службеник од подрачна единица на Министерството за земјоделство.

Agria

Исто така, уапсени се и сопственици на приватни фирми дознава Телма. Според информациите на „Телма“ оваа криминална група, со години наназад вршела дива сеча на дрва во шумите во малешевскиот крај, при што илјадниците кубици дрвна маса потоа биле заведувани како легално исечени и транспортирани во повеќе фирми поврзани со мрежата.

Полицијата обезбедила голем број на материјални докази, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот од надлежните институции.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: