Во новата сезона 2025/2026 на Првата македонска кошаркарска лига ќе се натпреваруваат 15 екипи поделени во две групи, а Борец Баскет е дел од групата Б заедно со Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Соколи 1933, Ролинг, Овче Поле и Шкупи.
Велешани ја отвораат сезоната на домашен терен против Соколи 1933 од Штип, во натпревар што ќе се одигра во рамките на првото коло, според распоредот одреден со Бергеровиот систем. Натпреварите започнуваат во средината на октомври.
Во новиот формат, секој тим ќе игра двокружен систем во рамки на својата група, а најдобрите ќе продолжат во доигрување за титулата.