Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска околу 12:25 часот го лишиле од слобода 39-годишниот М.А. од Скопје, откако предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кавадарци–Росоман.
Несреќата се случила додека М.А. управувал патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички. При увидот на местото на настанот, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол – со измерени 2,60 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од полицијата најавуваат дека ќе продолжат со засилен надзор врз сообраќајот и со санкционирање на сите лица кои го загрозуваат јавниот ред и безбедноста на патиштата.