Екипата на Тополка од велешката населба Превалец го освои првиот бод во новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ, откако во второто коло ремизираше на гостински терен против Млекар од Мало Коњари со резултат 1:1.
Гостите од Велеc поведоа во 23. минута преку Муртезани Бесник, кој успешно ја затресе мрежата на домашните и ја донесе предноста за Тополка. Сепак, на почетокот од второто полувреме, во 48. минута, Зоран Котески погоди за Млекар и го постави конечниот резултат на натпреварот.
Со овој бод, Тополка го запиша првиот позитивен резултат во сезоната и најави поамбициозни настапи во следните кола.