ДЗС: Стапката на сиромаштијата во 2023 година изнесуваше 22.2 проценти

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2023 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Според оваа анкета, како што соопшти ДЗС, во 2023 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 22.2 %.

Agria

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2023 година е 17.8 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.4 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 11.3 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30.3 %.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: