(ФОТО) Приведени две лица од Скопје за недозволена трговија со дрога во Велешко

Полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес уапсија две лица од Скопје, кај кои биле пронајдени засадени и обработувани стебла од канабис.

Инцидентот се случил на 27 септември 2025 година околу 18 часот, во атар на селото Карабуниште. Според полициските информации, по претходно добиени сознанија и со наредба на Основниот суд Велес, бил извршен претрес во викенд куќа и помошни простории што ги користел Г.Л. (46) од Скопје.

Agria

При акцијата, полицијата ги затекнала Г.Л. и Г.Д. (39), исто така од Скопје, како на нива откопуваат стебла од растението канабис. Во непосредна близина биле пронајдени и повеќе кофи и вреќи со марихуана, машина за обработка на стебла канабис, како и пиштол.

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ова е уште една во низата акции на полицијата за спречување на недозволена трговија со дрога и оружје во регионот

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: