Облачно и студено време со врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините дождот ќе преминува во снег.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 13 степени.
Времето во Велес ќе биде облачно и студено со повремен дожд, повремено пообилен. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од миниманлни 10 до максимални 11 степени.