Пијан возач запрен на улица „Нада Бутникошарева“ со 1,86 промили алкохол во крвта

Policija pijani vozaci

Рано утрово, околу 03:30 часот, на улицата „Нада Бутникошарева“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот М.С. од Велес.

При рутинска контрола на патниот сообраќај, полициските службеници утврдиле дека М.С. управувал патничко возило марка „Ауди“ со велешки регистарски таблички под дејство на алкохол. Извршеното алкотестирање покажало дека во неговата крв биле присутни 1,86 промили алкохол.

Agria

Возачот веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, а за настанот бил информиран и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полицијата апелира до граѓаните да не управуваат возила под дејство на алкохол, со цел заштита на сопствениот и на животите на другите учесници во сообраќајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: